Quantcast
Channel: FCC – IT.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 10

Федералната комисија на САД гласаше против интернет неутралноста, најавени жалби

$
0
0

Федералната комисија за комуникација на САД (FCC) го повлече претходното решение кое и овозможуваше да одлучува за интернет сообраќајот. Гласањето заврши 3:2 во корист на провајдерите. Со овој потег комисијата се прогласи за ненадлежна и се чини дека со ова ќе започне сообраќајот во повеќе нивоа. Дополнително ова значи дека интернет провајдерот може да блокира содржина.

Ова е огромен успех за провајдерите кои подолго време се обидуваа да го остварат ова со цел да можат да профитираат повеќе. Сепак со претходниот состав на комисијата ова не можеше да се оствари. Новиот претседател на комисијта Аџит Пај, пред околу една година беше поставен од претседателот Доналд Трамп.

Со ова изземање од надлженоста, комисијата нема да може да влијае на блокирањето на веб-странци, забавување на сервиси и содржини или на онлајн цензурурање. Што практично значи дека сега имаат слобода да се прават наудрени и да го свртат погледот на друга страна…

Логиката на приврзаниците на овој потег е дека со помала владина регулација, технологијата е поотворена. Сепак, ова не е случај во реалноста. Регулацијата останува, а овојпат е во рацете на интернет провајдерите. Најголем дел од провајдерите кои ја бараа оваа одлука, и претходно покажаа дека не размислуваат премногу за забавување или цензурање содржина.

Единствена обврска која останува кај провајдерите е да го објави блокирањето, забавувањето и платеното приоритетизирање на содржина јавно.

Веќе има иницијатива во американскиот сенат со која ќе се врати претходната одлука.

Comcast веќе го избриша ветувањето за интернет неутралност

Еден од најголемите провајдери во САД, Comcast во текот на расправата објави јавно ветување за заштита на интернет неутралноста. Кога стануваше јасно каква ќе биде одлуката на комисијата, ветувањето мистериозно исчезна. Па така: „нема платена приоритизација на сообраќајот“ исчезна. Иако провајдерот засега сè уште вели дека „Нема намера да приоретизира сообраќај, иако новата одлука го олеснува ова“.

Веќе е најавена жалба и тужба против FCC

Групите кои се залагаа за интернет неутралност веќе  пред гласањето најавија тужба. Има неколку основи за тужбата од потреба за заштита на корисниците, до недоволно долг период кој помина од носење на одлуката.

Тужби најавија и Amazon, Facebook и Google организирани како Internet Association. Дополнително тужба најави и Incompas група која ги претставува мрежните оператори.

Тужби најави и National Hispanic Media Coalition здружение по чија жалба и беше донесено решенито за обврзување на операторите за издавање на жалбите за интернет неутралноста. Само во последните 2 години за повреда на интернет неутралноста има над 50.000 жалби, пренесува Ars Technica.

Што е интернет неутралност?

Интернет неутралноста е принцип кој обезбедува целиот интернет сообраќај да биде третиран подеднакво. Ова ги спречува провајдерите да блокираат, забавуваат, наплаќаат, или било како да контролираат содржина и веб-страници кои не им припаѓаат. Благодарение на сместувањето на интернет во иста категорија како и телефониајта или превозниците, Федералната комисија за коминикација можеше да ја регулира работата на операторите. Со промената и враќањето на претходното решение комисијата е ненадлежна за овие прашања. Ова значи дека сега непостои орган кои би можел да ги заштити потрошувачите од неодговорно однесување на провајдерите.

Благодарение на интернет неутралноста провајдерите не смееа посебно да наплаќаат за некоја услуга; да забавуваат некој сервис или да блокираат некоја содржина.

Како ќе се одвиваат настаните по оваа одлука останува да видиме. Сега има 2 месеци период во кој може да се поднесуваат жалби. Судејќи по најавите нема да има недостаток.

The post Федералната комисија на САД гласаше против интернет неутралноста, најавени жалби appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 10

Latest Images

Trending Articles





Latest Images